Осветлете ја ноќта
Јавни огномети – спектакл што ја движи публиката
Со Ловец пиротехника, вашето небо станува сцена – исполнета со боја, енергија и моќни визуелни ефекти што ја држат публиката без здив.
Јавни огномети - Галерија
Огномет Велес -Питијада






Јавни огномети – спектакл што ја движи публиката
Кога организирате концерт, фестивал, градска прослава или било каков јавен настан, нема подобар начин да создадете незаборавен момент од професионално изведен јавен огномет.
Со Ловец Пиротехника, вашето небо станува сцена – исполнета со боја, енергија и моќни визуелни ефекти што ја држат публиката без здив.
Нашите огномети за концерти и јавни собири се дизајнирани да донесат силна емоција, динамика и адреналин. Без разлика дали станува збор за мали локални прослави или големи масовни настани, секој огномет е изработен со висока прецизност и внимателна координација.
Спектакл што ја буди атмосферата
Нудиме целосни пиротехнички решенија за:
Концерти и музички фестивали
Годишни градски манифестации
Јавни собири и свечени настани
Новогодишни прослави
Отворања и промотивни настани
Нашите огнени шеми се дизајнирани да се вклопат со музиката, ритамот и стилот на вашиот настан, создавајќи моќно огномет шоу кое ја подигнува атмосферата на сосема ново ниво.
Динамика, креативност и прецизна изведба
Со Ловец Пиротехника добивате:
Висока пиротехника за големи масовни собири
Ефекти усогласени со музика (pyro sync)
Огромни финални експлозии кои ја запечатуваат вечерта
Визуелни комбинации со боја, форма и ритам
Професионална подготовка и изведба
Без разлика дали сакате епско финале на концерт или силен почеток на фестивал, ние го носиме „wow“ ефектот што ја остава публиката воодушевена.
✨ Ловец Пиротехника – кога публиката заслужува вистински спектакл.
Ние го осветлуваме секој јавен настан со пиротехника што не се заборава.
Огномет - Крива Паланка
Спектакуларниот огномет на концертот на Светлана Ражњатовиќ во Крива Паланка одржан на 29 Август 2025.
✨Огномет за кој сеуште зборуваат – дело на Ловец Пиротехника.